СЕ РОДИ СКОПСКИОТ ЃЕВРЕК СО НОВ И ПОИНАКОВ ВКУС Избран победничкиот рецепт од натпреварот „Смисли го кругот“

„Арт кујна“ требаше да биде во жирито, но поради оправдани причини не успеавме да присуствуваме во изборот. Сепак, сигурни сме дека жири комисијата го одбрала вистинскиот победнички рецепт кој сега нуди еден сосема поинаков вкус, па охриѓани ќе мораат добро да размислат како да си го зачуваат реномето. Ѓеврекот на Маја Лазаревска ги спојува прекрасните вкусови на сусам, јаболко и младо сирење.

1,139

Вчера (26-ти декември), во средното угостителско училиште „Лазар Танев“ се одржа
финалето од натпреварот за ѓеврек со нов вкус „Смисли го кругот“.

Жири комисијата го прогласи за победнички рецептот на Маја Лазаревска која понуди оригинален ѓеврек со прекрасни вкусови на сусам, јаболко и младо сирење.
„Кога го прочитав повикот сакав да си поиграм со хемијата во позадина, но да се задржи она што
е основна карактеристика на ѓеврекот: богата и силна арома на сусам.






Затоа и дополнително го потпеков за да ја засилам аромата и да добијам крцкава надворешност, а мека внатрешност. Меѓутоа го направив и со нешто што е македонска локална состојка, а тоа е тетовското Делишес јаболко.

Додадов и малку кремасто младо сирење за да може да се стопи полека во печењето и да стои како некој заднински вкус“, изјави победничката Маја Лазаревска.

Повеќе за ова на „Арт кујна“.

 

Поврзани содржини