РОБОТ НАПАДНА РАБОТНИК ВО ФАБРИКАТА „ТЕСЛА“ Сцените од научнофантастичните филмови станаа реалност

Додека инженерот го програмирал софтверот за два неисправни роботи Тесла,  роботот ги закопал своите метални канџи во неговиот грбот и во раката, оставајќи трага од крв по подот.

4,183

Инженер во фабриката „Тесла“ бил нападнат од робот за време на брутален инцидент кога роботот се расипал. Според извештаите, двајца сведоци во ужас гледале како нивниот колега бил нападнат од машина дизајнирана да ги фаќа и преместува свежо излеаните алуминиумски делови за автомобили.

Додека инженерот го програмирал софтверот за два неисправни роботи Тесла,  роботот ги закопал своите метални канџи во неговиот грбот и во раката, оставајќи трага од крв по подот.






Инцидентот, кој ја оставил жртвата со „отворена рана“ на левата рака, е откриен во извештајот за повреда од 2021 година поднесен до округот Тревис и федералните регулатори во САД, а го обелодени весникот Дејли мејл.

Од „Тесла“ до регулаторите нема пријава за никакви други повреди поврзани со роботи во фабриката во Тексас во 2021 или 2022 година. Инцидентот се појави во јавноста токму во периодот кога е  зголемена загриженост за ризиците од автоматизираните роботи на работното место.

Во извештајот за повредата се наведува дека повредениот инженер не побарал одмор од работа по инцидентот, но еден адвокат за Дејли мејл врз основа на негови сознанија од фабриката, тврди дека голем број повреди што се случиле во фабриката не се пријавени.

 

Поврзани содржини