ТУРЦИЈА ЈА ОТКОЧИ ПОСТАПКАТА ЗА ПРИЕМ НА ШВЕДСКА ВО НАТО Комисијата за надворешна политика даде зелено светло

Следниот чекор ќе биде гласање за кандидатурата на Шведска во Парламентот за неколку недели, кога турските пратеници треба да го поддржат предлогот, а потоа се очекува турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да го потпише законот.

130

Комисијата за надворешна политика на турскиот Парламент денеска ја одобри кандидатурата на Шведска за членство во НАТО, што е клучен чекор кон проширување на Алијансата. Одобрувањето доаѓа по 19 месеци одложувања во текот на кои Анкара бараше отстапки од Стокхолм.

Следниот чекор ќе биде гласање за кандидатурата на Шведска во Парламентот за неколку недели, кога се очекува турските пратеници да го поддржат предлогот.






Потоа се очекува турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да го потпише законот.

Шведска и Финска аплицираа за членство во НАТО минатата година, а Анкара само го ратификуваше барањето на Финска. Ердоган во декември предложи Парламентот да го одобри барањето на Шведска само ако американскиот Конгрес и дозволи на Турција да купи десетици борбени авиони Ф-16 и резервни делови и ако другите сојузници на НАТО, вклучително и Канада, го укинат ембаргото на оружје за Анкара.

Поврзани содржини