МВР ДА ДОСТАВИ ДО СОБРАНИЕТО ИНФОРМАЦИЈА ЗА ИСТРАГАТА ЗА ДВЕТЕ УБИСТВА Комисијата за одбрана и безбедност му даде на Спасовски рок од 15 дена

Парламентот треба да расправа и за можна политичка одговорност на носителите на власт, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

209

 

 

На денешната седница на Комисијата за одбрана и безбедност, пратеникот и претседател на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, бара МВР до Собранието да достави Информација за грозоморните убиства на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, во која ке бидат опфатени сите аспекти поврзани со ликвидацијата на Вања и Панче, вклучително и активностите и мерките на МВР, како и на другите служби за безбедност.






И покрај сите апели да не се политизираат овие грозоморни настани, секојдневно се соочуваме со обиди на СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски да ја релативизираат и префрлат одговорноста на други партии и поединци.

Само преку сеопфатна анализа може да се дојде до клучните оценки за поставеноста и дејствувањето на системот, превенцијата, системските слабости, последици од партизацијата, толеранцијата на криминалните и екстремни однесувања, политичката заштита на говорот на омраза, неоснованите напади на неистомисленици итн. Парламентот треба да расправа и за можна политичка одговорност на носителите на власт“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Комисијата го прифатила предлогот на Трајанов и го задолжила министерот за внатрешни работи во рок од 15 дена да достави Информација до Комисијата за одбрана и безбедност.

 

 

Поврзани содржини