📽 „ВИЕ САМО НА ДОМАЌИНИ ДАВАТЕ ВИНО ИЛИ И НА ГОСТИ?“ Еве како Ковачевски му го џапна виното на Вучиќ
Видно расположен на саемот на вино, во малку „подгреана“ атмосфера, македонскиот премиер Димитар Ковачевски го начека српскиот претседател Александар Вучиќ од зад грб и му го џапна виното!
Со фудбалски речник, ваков настап се вика – лизгачки старт!
Додека еден од домаќините се обидуваше на српски претседател да му понуди некаков бренд „Белина“, а Вучиќ побара објаснување што е тоа, од зад грб се зададе Ковачевски и целиот насмеан ја изговори славната реплика:
– Вие само на домаќини давате вино или и на гости?
Домаќините му посветија внимание на натрапникот, а Вучиќ веднаш се сврте на страна и почна да бара некојси Јаков.
Тоа е, винските мушички чуда прават…
Инаку, Ковачевски на Фејсбук се пофали дека е голем е интересот за автентичните македонски вина, храна и туристичка понуда на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград.
„Го поздравувам интересот на претставниците на македонски изложувачи на саемот. Постигнатите успеси во квалитетот на македонското вино познато во светски рамки, на македонската храна и на туристичката понуда, се вистинска амбасадорска промоција на Република Северна Македонија во регионот, Европа и светот“, напиша Ковачевски на Фејсбук.