СЕ ВРШИ НЕВИДЕН МОБИНГ НА ДЕТСКА КЛИНИКА И ВО ЗДРАВСТВЕН ДОМ СКОПЈЕ! Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ примила поплаки од медицинскиот кадар

Неисплата по соодветен коефициент, непризнавање на високото образование, принудени се да работат и како болничари, и како администратори се само помал дел од легитимните барања на медицинските сестри - велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

486

Медицинските сестри на Детската клиника и Здравствен дом Скопје се соочуваат со притисоци и низа неправилности, како и невреднување на нивниот труд, тврди Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ до која стигнале конкретни поплаки.

Менаџерите на сите овие установи и надлежното Министерство за здравство со мал прст не мрднаа да решат барем мал дел од проблемите, но наместо конкретни чекори за унапредување на нивниот статус вршат притисоци и мобинг врз овој кадар кој долги години инвестирал во својата надградба.






Неисплата по соодветен коефициент, непризнавање на високото образование, принудени се да работат и како болничари, и како администратори се само помал дел од легитимните барања на медицинските сестри“ – велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие нагласуваат дека внимателно ги следат сите информации за системските нерегуларности кои пристигнуваат до нив, со посебен фокус на проблемите на медицинските сестри, но и на сите здравствени работници за притисоци и неправилности од повеќе Клиники.

 

Поврзани содржини