СЕ ШИРИ ПОЖАРОТ КАЈ НЕГОТИНО Пожарникарите од Кавадарци притекнаа на помош

Заради засилен ветер пожарот се проширува со голема брзина. На терен интервенираат ТППЕ Неготино со 12 пожарникари и три ПП возила и ТППЕ Кавадарци со тројца пожарникари и едно возило џип - информираат од ЦУК.

2,036

Пожарот кај неготинско Дуброво се шири, а дополнителен проблем предизвикува силниот ветар. Во гансењето на огнот ангажирани се 12 пожарникари од ТППЕ Неготино со 3 противпожарни возила, а на помош им се приклучија и пожарникари од Кавадарци, информираат од Центарот за справување со кризи (ЦУК)

Пожар е регистриран попладнево, на отворен простор во атарот на село Дуброво, каде гореи сува трева и шума.






„Заради засилен ветер пожарот се проширува со голема брзина. На терен интервенираат ТППЕ Неготино со 12 пожарникари и три ПП возила и ТППЕ Кавадарци со тројца пожарникари и едно возило џип. По завршувањето на интервенцијата ќе бидат познати податоците за опожарената површина“ – информираат од ЦУК.

Според информациите од ЦУК, активен е и пожарот кај село Жеганци, општина Чешиново-Облешево. Пожарот е регистриран на влезот во селото, огнот се шири брзо и наближува кон куќите.

Поврзани содржини