Општина Струга обвини дека сите инсинуации, шпекулации и напади за градот и локалната се невистинити, и доаѓаат од медиумите, Општина Охрид и однејзините раководители.
Оваа го соопштија после работниот состанок со мешовитиот експертски тим во контекст на заштитата на Охридско-струшкиот регион во рамките на УНЕСКО, на кој присуствувал и градоначалникот Рамиз Мерко, а не беше најавен како настан од медиумите.
„Најголемиот дел од проблемите и потешкотиите кои настанаа и се’ уште постојат во Охридскиот регион произлегува од Општина Охрид и нејзините раководители, кои постојано, под патерицата на од нив платени медиуми, организации и лобисти, ја напаѓаат нашата општина за секаков аспект во секое време и место, без никакви аргументи“, се наведува на официјалната страна на Општина Струга.
Да се осудат да коментираат за неодговорно работење оние чие раководство е впишано на меѓународните црни листи за разно-разни злоупотреби во најмала рака е трагикомично вели охридскиот градоначалникот Кирил Пецаков, кој побара јавно извинување од страна на општина Струга.
Реакција пристигна и од ЗНМ кое истакнува дека постапкaтa на општината се чини дека е обид за дискриминација на медиумите и за замолчување на локалните новинари преку цензура.
„Потсетуваме дека службениците за својата работа одговараат пред граѓаните, така што секој обид за замолчување на новинарите внесува недоверба кон институцијата и влијае на нејзината транспарентност, бидејќи медиумите и новинарите се каналот за комуникација со јавноста“, соопшти ЗНМ,
Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко од неодамна е на „црната листа“ на САД поради корупција и мешање во судски процеси, со што наштетил на македонските институции.
Од ЗНМ посочија дека овој инцидент ќе биде нотиран во годишните извештаи за слобода на изразување како негативен пример за погрешна комуникација на јавни институции со новинари и медиуми.