МАКЕДОНИЈА КОЦКАРСКА ФАМИЛИЈА НА БУГАРСКОТО ПОДЗЕМЈЕ До кога владата ќе го крие документот со потпис Артан Груби со кој се фаворизира Черепот?
„По одлуката на владата , каде директор е шефот на кабинет на Артан Груби, Перпарим Бајрами, веднаш објавува оглас, со кој е практично направен фоторобот на фирмата на Васил Бошков, Черепот. Тој е на чело на 8888.бг, позната како онлајн-казино, коцкарница на бугарското подземје, а тој според Блумберг, е во домашен притвор во Бугарија и е опишан како коцкарски могул и олигарх поврзан со подземјето“, тврди ВМРО-ДПМНЕ.
„До кога владата ќе го крие документот, со кој Артан Груби ја направи Македонија коцкарска филијала на бугарското подземје?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.
Молкот нема да ја спаси власта на ДУИ и СДС, од одговорноста пред јавноста, за тоа што Македонија ја уортачија, со бугарската мафија, каде овој септември дадоа 3 лиценци за нови онлајн-казина во Македонија, на лица кои се познати на законот во Бугарија, тврди опозициската партија и додава:
„По одлуката на владата со потпис на Артан Груби, Лотарија, каде директор е шефот на кабинет на Артан Груби, Перпарим Бајрами, веднаш објавува оглас, со кој е практично направен фоторобот на фирмата која треба да го добие истиот.
Васил Божков Черепот, е на чело на 8888.бг, позната како онлајн казино, коцкарница на бугарското подземје, а тој според Блумберг, е во домашен притвор во Бугарија и е опишан како коцкарски могул и олигарх поврзан со подземјето.
Клон на оваа фирма е онлајн коцкарницата 7777.бг, водена од истите луѓе, истата платформа, истата структура, само друга страница на 8888.бг.
Додека граѓаните во Македонија, секојдневно се борат за да преживеат, додека за болните нема лекови и инфлацијата го јаде стандардот на народот, ДУИ и СДС ги користат и последните месеци на власт, за да приграбат што повеќе милиони за себе“.
Васил Божков е бугарски олигарх и главен идеолог и движечка фигура на Граѓанската платформа „Бугарско лето“. Тој најбогатиот Бугарин со богатство проценето меѓу 1 и 3 милијарди лева познат по прекарот Череп. Важи за голем колекционер на ретки антиквитети и уметнички слики.
Во јануари 2020 година, Божков ја напушти Бугарија и побегна во Дубаи за да избегне притвор, по што беше обвинет за повеќе обвиненија, вклучувајќи убиство, перење пари, даночно затајување.
Божков има 64 години и неговите две приватни лотарии, од кои една во Грузија и обложувалници имаат годишен профит од над 200 милиони лева. Тој во една прилика изјавил дека парите ги направил во во годините кога се играло без правила. Освен што е одличен математичар, Божков е и познат покераш.