СДСМ ОСТАНА И БЕЗ КЕШ!? Пејачи откажуваат настап на партискиот пикник во Пеленица

Во тек на договарањето никој не спомна дека ова ќе биде партиски поврзано. Рекламниот плакат, каде ги има деталите за организацијата, го добив утрово – пишува фолк-пејачката Андријана Ацевска - Кеш.

4,590

Откако популарниот фолк музичар Јордан Митев го откажа своето учество на настанот ,,Традиционален пикник Пеленица”, организиран од Општинската организација на СДСМ Кисела Вода, бидејќи не сакал да пее на настани одбележани со партиски симболи, се огласи и неговата колешка, битолчанката Андријана Ацевска – Кеш.

И таа беше најавена помеѓу музичките гости на настанот кој ќе се одржи по повод Денот на независноста на Македонија, 8. Септември, и како што истакна, го откажува своето учество, бидејќи пеела на народни собири, но не и на партиски настани.






„Сакам да се обратам во врска со настанот кој треба да се одржи на 8. Септември. Во тек на договорот никој не спомна дека ова ќе биде партиски поврзано. Рекламниот плакат каде ги има деталите за организацијата го добив утрово.

Не сум партиски определена, ниту ќе бидам некогаш. Поради тоа, јавно се откажувам од овој настап, за кој уште еднаш ќе кажам, требаше да биде народен собир, а не партиски настап! – напиша пејачката.

Покрај Кеш и Митев, како музички гости се најавени и Сања Барби, Тања и Новица Василевски, Благоја Грујовски и други.

Поврзани содржини