КИМ И ПУТИН ДОГОВАРААТ ВОЕНА СОРАБОТКА Севернокорејскиот претседател планира да ја посети Русија
Можната средба доаѓа откако Белата куќа соопшти дека има нови информации дека разговорите за оружје меѓу двете земји „активно се движат напред“.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун планира овој месец да отпатува во Русија да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да разговара за можноста за снабдување со севернокорејско оружје за руската инвазија на Украина, објави Њујорк Тајмс, повикувајќи се на американски и други извори.
Ким би отпатувал од Пјонгјанг, можеби со оклопен воз, до Владивосток, на рускиот Далечен Исток, каде ќе се сретне со Путин, пишува Њујорк Тајмс.
Можната средба доаѓа откако Белата куќа соопшти дека има нови информации дека разговорите за оружје меѓу двете земји „активно се движат напред“.
Портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби изјави дека рускиот министер за одбрана неодамна отпатувал во Северна Кореја за да „се обиде да го убеди Пјонгјанг да и продаде муниција на Русија“. Тој додаде дека Путин и Ким оттогаш размениле писма во кои ветуваат дека ќе ја зголемат нивната билатерална соработка.