(ФОТО) ЛЕГЕНДАРНАТА МАНЕКЕНКА ГИ ШОКИРАШЕ ОБОЖАВАТЕЛИТЕ СО КИЛАЖАТА Хајди Клум внесува само 900 калории дневно

Германскиот топ модел Хајди Клум, наводно, ја одржува својата манекенска фигура така што го „скротува“ апетитот.

739

Германскиот топ модел Хајди Клум, наводно, ја одржува својата манекенска фигура така што го „скротува“ апетитот.

Поранешниот ангел на „Викторијас сикрет“,Хајди Клум (50) на својата приказна на Инстаграм сподели дека внесува само до 900 калории дневно, што прилично ги шокира нејзините фанови, пишува „Дејли мејл“.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)


Нејзиниот ден наводно започнува со нискокалоричен појадок кој се состои од три пржени јајца и топла пилешка супа. Следбеничка ја замолила Клум да ја каже моменталната тежина, па таа извадила вага и се качила со боси стапала. Покажала дека има 62,5 килограми.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)


Судијката на американскиот супер талент со германско потекло е висока 175 сантиметри, па според Националниот институт за срце, крв и бели дробови, нејзиниот индекс на телесна маса е во границите на нормалата. Сепак, медицинските експерти препорачуваат жените да внесуваат до 2.000 калории дневно.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини