ЗЕЛЕНСКИ НЕГИРА ПОВРЗАНОСТ СО СМРТТА НА ПРИГОЖИН На сите им е јасно кој стои зад ова
Ние не сме вклучени во оваа ситуација, тоа е сигурно. Мислам дека сите се свесни за тоа кој е вклучен - рече Зеленски на прес-конференција во Киев, но не даде повеќе детали.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина нема никаква врска со смртта на Евгениј Пригожин, кој загина вчера во авионска несреќа во Русија, пренесува Интерфакс.
-Ние не сме вклучени во оваа ситуација, тоа е сигурно. Мислам дека сите се свесни за тоа кој е вклучен – рече Зеленски на прес-конференција во Киев, но не даде повеќе детали.
Аналитичарите оценуваат дека Зеленски со оваа изјава сугерира дека зад падот на авионот на Пригожин најверојатно стои рускиот претседател Владимир Путин, против кого Пригожин се обиде да изврши државен удар пред неколку месеци и се откажа.