АКО НЕКОЈ СРБИН РЕЧЕ НЕШТО ЛОШО ЗА МАКЕДОНИЈА, ВУЧИЌ ЌЕ НИ СЕ ИЗВИНИ Ковачевски дури вчера се уверил дека Србија е пријателска земја?

Ме увери дека како преставник на српската држава, тој ги смета македонскиот народ и македонската држава за исклучително пријателски и дека доколку некој македонски граѓанин е навреден од било која порака од српската држава, тој лично ќе се извини, напиша Димитар Ковачевски на Фејсбук.

1,314

Откако српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ пред некој ден изјави дека на Македонија ќе ѝ се удри од глава признавањето на Косово, па реагираше македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи кој побара појаснување на оваа изјава, премиерот Димитар Ковачевски и српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа во Атина ја смируваа ситуацијата.

„Вечерва разговаравме со српскиот претседател Вучиќ во Атина. Ме увери дека како преставник на српската држава, тој ги смета македонскиот народ и македонската држава за исклучително пријателски и дека доколку некој македонски граѓанин е навреден од било која порака од српската држава, тој лично ќе се извини“, напиша Ковачевски на Фејсбук.






Заедничка фотографија со Ковачевски во Атина објави и Вучиќ на социјалната мрежа Инстаграм, и напиша:

„Србија и Северна Македонија се вистински пријателски земји. Ако мене ме прашувате, братски. Нема и не смее да има недоразбирања помеѓу нас. Ништо не бараме од нашите браќа, единствено што нудиме е искрено пријателство“.

Поврзани содржини