ЌЕ ПЕЧЕ СОНЦЕ, АМА ЌЕ ДУВНЕ И ВЕТРЕ Еве какво време нѐ очекува денеска и во следните три дена

Повремено во јужните делови ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен долж Повардарието и во североисточните делови каде на места ќе засилува.

3,060

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираше УХМР.

„Повремено во јужните делови ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен долж Повардарието и во североисточните делови каде на места ќе засилува. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец“, се вели во соопштението на УХМР.






Прогноза за понеделник:

Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен долж Повардарието и во североисточните делови каде на места ќе засилува.

Прогноза за вторник:

Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Прогноза за среда:

Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.

Поврзани содржини