„ЕВЕ ВИ И ОСТАВКИ И ИЗБОРИ, САМО ГЛАСАЈТЕ“ Од СДСМ му рекоа на Мицкоски дека ги исполниле условите за уставни измени

345

Со оставките на министрите од ДУИ, што ќе стапат на сила веднаш по усвојувањето на уставните измени, исполнети се сите услови на Христијан Мицкоски што самиот тој ги постави за неговата партија да поддржи уставни измени, изјави денеска пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски.

– Мицкоски и ДПМНЕ можат веднаш да станат дел од Влада во која нема да учествува ДУИ, а потоа и да се организираат предвремени избори. Сѐ  што треба ДПМНЕ и Мицкоски да направат е да се вклучат во процесот и да дадат поддршка за уставните измени. Во спротивно, ќе покажат дека се несериозни и неодговорни пред сопствениот народ и пред иднината на државата – рече Каевски.

Поврзани содржини