ВТУРНАА ИЛЈАДНИЦИ РЕЗЕРВИСТИ, ПОЧНА ГЛАВНАТА ФАЗА Украина нападна, Русите одговорија со ракети во Киев

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм потврди дека „имаше неколку удари“ кои ја пробиле украинската противвоздушна одбрана. Очевидци за ТАСС изјавиле дека силна експлозија го потресе Киев. Видеото се појави на социјалните мрежи. 

5,442

Њујоршки Тајмс пишува дека главната фаза од украинската контраофанзива почнала и дека Украина „фрлила во битка илјадници резервисти“ од кои многумина биле обучени на Запад. Според извори за весникот, ако биде успешна операцијата ќе трае една до три недели.

Руските власти во Доњецката народна република потврдија дка Украинците истрелале 12 ракети од повеќецевни ракетни системи во регионот. Новиот бран на украинската контраофанзива започнува во Запорожје, а цели кон југ. Михајло Федоров, украинскиот министер за дигитализација на Твитер соопшти дека 1.700 дронови ќе бидат пратени да помогнат во украинската акција.






Дека вчера започнала главната фаза од контраофанзивата потврди и американскиот Институт за проучување на војната ИСВ.

 

Русија одговори на нападите со воздушни напади. Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм потврди дека „имаше неколку удари“ кои ја пробиле украинската противвоздушна одбрана. Очевидци за ТАСС изјавиле дека силна експлозија го потресе Киев. Видеото се појави на социјалните мрежи.

Нападнато било пристаниште во Одеса и убиен е чувар.

Украинските медиуми објавија и дека експлозиите одекнале во регионите на Днепропетровск, Житомир, Кировоград, Лавов и Хмелницки.

Експлозиите во градот Староконстантиновка во областа Хмелницки беа пријавени во областа на воениот аеродром.

Русија веќе загуби околу 244.270 воен персонал во Украина, а во последните 24 часа загинаа 590 руски војници. Ова го соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина на Фејсбук, пренесе Укринформ.

Од 24 февруари 2022 година до денес, вкупните борбени загуби на Русија вклучуваат и 4.186 тенкови (+9 за последните 24 часа), 8.147 оклопни борбени возила (+11), 4.745 артилериски системи (+18), 457 системи за противвоздушна одбрана, 315 авиони, 311 хеликоптери, 7.229 моторни возила и цистерни за гориво (+18), 18 воени бродови, 3.996 беспилотни летала (+3)…

Според украинската армија, соборени се вкупно 1.347 непријателски крстосувачки ракети (+40).

 

Поврзани содржини