432 КОМПАНИИ БАРААТ ДРЖАВНА ПОДДРШКА ЗА НОВИ ИНВЕСТИЦИИ Владата досега одобрила 172 договори
На денешната седница на Владата беше одобрена втората група од 90 договори, на 167-та Владина седница беше одобрена првата група од 82 компании, останатите се во процес на евалуација.
Дури 432 компании годинава аплицирале за државна поддршка за нови инвестициски проекти, според Законот за финансиска поддршка на инвестиции.
Владата на денешната седница одобри втора група договори на компании за државна поддршка по Законот за финансиска поддршка на инвестиции.
– Оваа година има рекордни 432 апликации за нови инвестициски проекти на исто толку компании. На денешната седница на Владата на Република Северна Македонија беше одобрена втората група од 90 договори, на 167-та Владина седница беше одобрена првата група од 82 компании, останатите се во процес на евалуација и во следните недели ќе бидат завршени, информираа од Владата.
Овие 90 компании, само во првата инвестициска 2022 година имаат отворено 556 нови работни места, а до крајот на инвестициските циклуси се очекува да отворат 1.822 нови работни места.
Компаниите, во првата инвестициска 2022 година инвестирале 48,11 милиони евра, а до крајот на инвестициските циклуси според проекциите, треба да инвестираат 122,76 милиони евра.