(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ УНИШТИЛЕ РУСКИ КОНВОЈ СО ОРУЖЈЕ Снимка од нападот се шири на социјалните мрежи

Нападот се случил во близина на Очеретувате во Запорожската област, југоисточна Украина, каде што се водат тешки борби.

934

На социјалните мрежи се шири видео снимено од украинската армија, на кое наводно се гледа како украинските воени сили со ракети уништуваат цел руски воен конвој. Нападот наводно се случил во близина на Очеретувате во Запорожската област, југоисточна Украина, каде што се водат тешки борби.

На видеото се гледа како украинските сили истрелуваат проектили врз руски конвој.






Украинските сили разнесоа руски тенк МТЛБ и околу шест камиони, од кои се чини дека секој носи артилериско оружје, се наведува во објавата со видеото.

Британскиот „Дејли експрес“ наведува дека нападот „предизвикал хаос меѓу руските војници“ и дека се случил во област каде што се водат жестоки борби, без да наведе детали кога се случил ракетниот напад.

Поврзани содржини