(ФОТО) КАМИЛА НЕ САКА ТЕНИС Кралицата се досадуваше на Вимблдон, фотографиите станаа хит

Тоа беше прво појавување на кралицата во свечената ложа на Вимблдон откако беше крунисана, но тенисот очигледно, не и е многу омилен.

4,331

Британската кралица Камила следеше тенискиот меч на гранс слем турнирот на Вимблдон со нејзината сестра Анабел Елиот. Тоа беше прво појавување на кралицата во свечената ложа на Вимблдон откако беше крунисана, но тенисот очигледно, не и е многу омилен.

Камила на натпреварот пристигнала прилично расположена, но судејќи по фотографиите, на кралицата набрзо и станало малку здодевно.






фото: EPA-EFE/ISABEL INFANTES

Фотографиите на кралицата брзо се проширија на социјалните мрежи, а еден експерт за говор на телото за Express.co.uk изјавил дека Камила имала „претерани изрази на лицето“ со кои, како што вели, изразувала гадење.

фото: EPA-EFE/ISABEL INFANTES

Инаку, сестрата на кралицата Анабел се занимава со внатрешен дизајн и антиквитети. Анабел со овој бизнис успешно се занимава веќе 30 години и дури беше прогласена и за петти највлијателен дизајнер на ентериер во Британија во 2014 година.

Потсетуваме дека на почетокот на мај во Лондон беше крунисан кралот Чарлс Трети и кралицата Камила. Од денот на крунисувањето, Камила повеќе не ја користи титулата сопруга кралица и стана само – кралица. Но важно е да се напомене дека ејзината титула кралица не е иста со титулата што ја носеше Елизабета Втора, која беше владетелка монарх.

Поврзани содржини