(ВИДЕО) ГОРИ СЛУПЧАНЕ Жителите палат гуми за да не влезе ЕВН во селото
Вкупните годишни загуби поради кражби на струја во селото Слупчане изнесуваат повеќе од 1 милион евра, односно околу 6 GW/h. Процентуално, 80 отсто од годишната потрошена енергија се краде, а успешно се наплаќа само една третина од останатите 20 отсто фактурирана енергија.
Жителите на кумановското село Слупчане со палење на гуми на патот го блокираа влезот на екипите на ЕВН, кои неколку месеци се обидуваат да стават ред со неможноста да наплатат струја во оваа општина, се гледа од видеото што го објави ТВ 21.
Плусинфо на 7 јуни објави дека околу 200 жители на Слупчане насилно ги спречиле екипите на ЕВН да извршат неопходни работни активности за реконструкција и модернизирање на електричната мрежа во селото. Тогаш толпата го блокираше влезот на селото и не им дозволи на работниците да работат, притоа заканувајќи им се по живот.