ТУНЕЛОТ КАТЛАНОВО И ВОДОВОДОТ КОЖЛЕ 7 ЧАСА ЌЕ БИДАТ БЕЗ СТРУЈА Најавено е исклучување и на повеќе скопски села
Тунелот Каланово, Катлановско Блаце и дел од Петровец ќе останат без струја во периодот од 7.55 до 14.55 часот, информираа од ЕВН.
Во истиот период од струја ќе бидат исклучени и селата Огњанци, Чојлија, Бадар, Кожле, како и водоводот Кожле и фазанеријата Тотинци.
Во во периодот од 9.00 до 11.00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од село Јурумлери.