(ВИДЕО) ТРОГАТЕЛНА СНИМКА ОД ШИМПАНЗО ШТО ЗА ПРВ ПАТ ГЛЕДА НЕБО! Живеело во заробеништво цел живот
Женката-шимпанзо по име Ванила има 29 години и беше спасена од озлогласената Лабораторија за експериментална медицина и хирургија на примати во Њујорк.
На социјалните мрежи се прошири трогателна видео-снимка на која се гледа како шимпанзо, кое целиот живот го поминала во заробеништво, за првпат гледа отворено небо.
Женката-шимпанзо по име Ванила, има 29 години и беше спасена од озлогласената Лабораторија за експериментална медицина и хирургија на примати во Њујорк, која беше затворена во 1997 година. Инаку, Ванила живеела во озлогласената лабораторија до својата втора години, а потоа била префрлени во Калифорнија, каде, сепак, била затворена во поголем простор во засолниште, кое престана со работа во 2019 година и беше загрозено од пожари.
Минатата година, организацијата „Спасете ги шимпанзата“ обезбеди локација од 150 хектари во Флорида и ги префрли приматите од загрозените подрачја.
Ванила никогаш не го напуштила малиот кафез во просторот во кое била со децении.
На видеото може да се види колку е радосна и изненадена од погледот на небеската шир во нејзиното ново живеалиште.
Снимката беше објавена на симпозиум на Американското здружение на приматолози во Рено.
Во прифатилиштето на Флорида има 226 шимпанза кои се спадени од лаборатории, од збавната индустрија, како и од трговијата со егзотични животни и импровизирани зоолошки градини, а голем дел од нив биле држени во изолација и никогаш немале контакт со други шимпанза.
– Ванила живееше во Калифорнија со неколку шимпанза во кафез со ограда со синџир и без трева. Сега добро се адаптира на новата средина. Кога не го истражува островот со нејзините нови пријатели, може да се види качена на платфомата на три ката, како од таму го набљудува нејзиниот нов свет – изјави приматологот Ендрју Халоран, кој го снимил неверојатниот момент.