Настанот „Junior Day“ на кој присуствуваа над 300 деца од цела Македонија, заедно со своите родители, вработени во компаниите на СЛ Холдингот: Спорт лајф, Златна копачка, Спорт лајф гејминг и БЕТ О2 и на компаниите ЏС Актуел и Ј.Е.С Глобал, се одржа на 6 јуни во Спортско рекреативниот центар „Хиподром“ и ресторанот „Потковица“.
– Овој заеднички настан претставуваше незаборавен ден за сите нас. Тој преминува во традиција и секојпат е исполнет со рекреативни и забавни активности, натпревари и голем број награди. Но, секоја година е посебна по нешто. Децата овојпат имаа можност да јаваат на преубавите пони коњчиња Ромео и Јулија, а крајот на настанот беше збогатен со наградна лотарија. Се извлекуваа бројни подароци за децата – таблети, тротинети, скироли, фудбалски топки, пикада, велосипед и други награди. Видовме многу возбудени и среќни дечиња, а на најсреќното од нив, кое беше од Велес, му припадна главната награда – велосипедот – истакнаа организаторите од „Спорт лајф“.
„Junior Day“ е ден за заедничка средба вон работните места и ден за одлична забава за вработените и нивните најмили. Оваа година тоа се одржа во природата и убавините на Спортско рекреативниот центар Хиподром, а за следната од компанијата подготвуваат нови изненадувања.
Погледнете го видеото од настанот на следниот ЛИНК.