(ВИДЕО) ЛАЖАТ ДЕКА СУМ ПРИФАТИЛ УСТАВНИ ИЗМЕНИ Мицкоски порача дека Ковачевски уште малку ќе биде премиер
СДСМ држи состаноци за да најде начин како да му каже на членството дека ја губат власта, порача вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од партиската трибина во Охрид, додека раковдството на владејачката партија неколку часа заседава во највисоките партиски тела, како што се наведува, новиот став на ВМРО-ДПМНЕ кој произлегол од лидерската среда што се одржа во средата.
– СДСМ панично шири лага дека сум прифатил уставни измени за да се сокријат двете важни работи од лидерската – дека Ковачевски многу брзо нема да биде премиер, а ДУИ по 20 години ќе оди во опозиција – порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој рече дека навистина му е драго што со еден чекор, со само една средба се „видоа вистинските лица на многумина“, за што, истакна, макотрпно работеле тој и неговите луѓе за да ги извадат на чистина.
Мицкоски додаде дека луѓето од власта се собрале на клопчето од стратегијата и загризале на темите кои што тој ги наметнал во јавноста.