ОТВОРЕНА ИСТРАГА ПРОТИВ БАРСЕЛОНА И ВАЛЕНСИЈА Ги „напумпале“ трансферите за да си ги подобрат билансите

Во 2019 година, голманот Нето се пресели од Валенсија во Барселона за 26 милиони евра, а на негово место дојде Силесен отиде за вкупно 35 милиони евра.

207

Обвинителството за економски криминал во Шпанија отвори истрага против Барселона и Валенсија, поради сомнежи за лажни сметководствени активности на двата клуба во зделката за размена на голманите Јаспер Силесен и Нето Мурара во 2019 година – објави „Мундо Депортиво“.

Шпанското обвинителство постапи по жалбата на поранешниот потпретседател на Валенсија, Мигел Зорио, кој пријавил до даночните власти дека овие суми биле лажно надуени за да се подобрат билансите на двата клуба. Во 2019 година, Нето се пресели од Валенсија во Барселона за 26 милиони евра, а Силесен отиде во спротивна насока за вкупно 35 милиони евра.






Ова е една од финансиските операции што поранешниот потпретседател на Валенсија ги вклучи во својата тужба во јануари минатата година и за која обвинителството сега одлучи да покрене предистражна постапка.

Извештајот на поранешниот потпретседател на Валенсија зборува и за други корпоративни криминали, лажно сметководство, нелојална конкуренција, корупција меѓу приватни лица и корупција против јавните финансии.

Поврзани содржини