СОНЧЕВО И ПОТОПЛО Попладне пороен дожд

288

Времето утре ќе биде сончево и потопло со умерена облачност која попладне ќе се зголемува и локално ќе има услови за појава на пороен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж на места Повардарието повремено ќе засилува.






Максималната температура ќе достигне до 21-от степен.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и потопло со повремени врнежи од дожд. Од почетокот на следната седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме, особено во вторник.

Поврзани содржини