НАПАД СО ДРОН НА СКЛАДИШТЕ ЗА НАФТА ВО РОСТОВСКАТА ОБЛАСТ Русија тврди дека нема жртви

Гувернерот на Ростовската област Василиј Голубјев изјави дека нема жртви во нападот со дрон врз фабриката за нафтени деривати во таа област и дека пожарот што следел по експлозијата бил веднаш изгаснат.

307

Руските власти соопштија дека во текот на ноќта бил извршен напад со дрон врз складиште за нафта во Ростовската област.

Гувернерот на Ростовската област Василиј Голубјев изјави дека нема жртви во нападот со дрон врз фабриката за нафтени деривати во таа област и дека пожарот што следел по експлозијата бил веднаш изгаснат.






Тој појасни дека дронот експлодирал откако паднал на конструкција на надвозник во изградба.

„Пожарникарите не учествуваа во гаснењето на пожарот, пожарот го изгаснаа службите на компанијата. Нема жртви и повредени, штетата на конструкциите е мала“, напиша Голубјев на Телеграм.

Поврзани содржини