(ФОТО) СЕ СЛУЧИ МЕТ ГАЛА 2023 Кендал го покажа задникот, Џаред дојде како мачка, Ким „гола“ во бисери
Синоќа се одржа еден од најголемите и најважните модни настани во Холивуд - Мет Гала во музејот Метрополитен во Њујорк. Овогодинешната тема беше „Во чест на Карл“ посветена на придонесот на дизајнерот Карл Лагерфелд за американската и светската мода.
Синоќа се одржа еден од најголемите и најважните модни настани во Холивуд – Мет Гала во музејот Метрополитен во Њујорк. Овогодинешната тема беше „Во чест на Карл“ посветена на придонесот на дизајнерот Карл Лагерфелд за американската и светската мода.
Старлетата Ким Кардашијан нѐ потсети на својот изглед кога позираше за „Плејбој“ во 2007 година, покриена само со бисерни ланчиња.
Според модните критичари, сестрата на Ким, Кајли Џенер била една од најлошо облечените дами. Или конкуренцијата беше премногу силна оваа година? |
Манекенката Кендал Џенер повторно играше на картата голотија, а овој пат ги откри долгите нозе и задникот.
View this post on Instagram
Марго Роби уште еднаш докажа дека модно никогаш не греши.
View this post on Instagram
Актерот Џаред Лето пристигна во костимот на миленикот на Лагерфелд, мачката Шупет, на која модниот дизајнер ѝ остави 1,3 милиони долари во наследство.
View this post on Instagram
Џенифер Лопез покажа деколте во раскошен фустан на Ралф Лорен, а пристигна без Бен Афлек.
View this post on Instagram
Бремената Ријана пристигна во придружба на нејзиниот партнер, раперот АСАП Роки, а многумина коментираа дека вреди да се чекаат, бидејќи тие последни пристигнаа на црвениот тепих.
View this post on Instagram
На овогодинешната Мет гала присуствува и бројни други ѕвезди: Ен Хатавеј, Пенелопа Круз, Салма Хаек, Никол Кидман, Џиџи Хадид, Били Ајлиш…
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм