(ФОТО+ВИДЕО) КРАЛОТ ЧАРЛС СО СОПРУГАТА КАМИЛА ЈА ОТВОРИЈА ЕВРОВИЗИЈА Со притискање на копче блесна евровизиската сцена

Британскиот крал Чарлс со сопругата Камила вчера свечено ја претставија сцената на која ќе се одржи годинашната „Песна на Евровизија“ во Ливерпул, Британија.

375

Британскиот крал Чарлс со сопругата Камила вчера свечено ја претставија сцената на која ќе се одржи годинашниот Избор за песна на Евровизија во Ливерпул, Британија, по што натпреварувачите започнаа со првите проби.

Потоа, тие ја обиколија салата, а извршниот продуцент на натпреварот на Твитер објави дека на сопругата на кралот најмногу ѝ се допаднала сценографијата на претставникот на Србија, Лук Блек.

 







Со притискање на копче, кралот Чарлс и неговата сопруга Камила ја осветлија прекрасната сцена на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија во Ливерпул.

Потоа организаторите на натпреварот ја обиколија кралската двојка на сцената и целата сала. Тие разговараа и со челниците на „Би-би-си“, која е организатор на овогодинешниот фестивал, како и со презентерите на натпреварот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eurovision Song Contest (@eurovision)

Во Ливерпул е и овогодинешната претставничка на Велика Британија, Меј Милер, која се сретна со кралската двојка.

Извршниот продуцент на натпреварот, Ли Смитерст, на Твитер сподели дека кралот Чарлс и неговата сопруга Камила ја обиколиле салата во Ливерпул.

Директниот пренос на Изборот за песна на Евровизија ќе се одржува од 9 до 13 мај во Ливерпул.

 

Поврзани содржини