АРСОВСКА ОСТАНА БЕЗ РАЧИЊАТА ВО МЕДОТ Која е фирмата што ќе ја гради пречистителната станица во Скопје?
Германската ВТЕ на тендерот ја победиле турската фирма Кузу груп и доставиле покомплетна понуда. Иако Арсовска зад кулоарите навиваше за турската Кузу, сепак изборот паднал на германската компанија која е многу поискусна во изградба на пречистителни станици за вода.
ВТЕ од Есен е германската компанија која го добила тендерот за изградба на пречистителната станица за Скопје во вредност од 200 милиони евра, дознава Телма.
Јавноста дозна дека е потпишан договорот за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје за проектот вреден 200 милиони евра, од кои 136 милиони евра се кредит од Европската инвестициска банка, а 70 милиони евра се неповратен грант од Европската унија, но не беше познато името на фирмата изведувач.
Недостапни за јавноста беше и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, и директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во чие седиште е депониран договорот потпишан во тајност пред два дена.
Покрај германската ВТЕ, како подизведувач пречистителната станица ќе ја гради и струмички Жикол. Изградбата на станицата ќе биде кај Трубарево. ВТА дала многу е многу поквалитетна понуда со подобра банкарска гаранција од турскиот конкурент. Компанијата има филијали во Полска и Литванија, а во регионот како познат реализиран проект ја има пречистителната станица во Будва изградена во 2014.
Тие на тендерот ја победиле турската фирма Кузу груп и доставиле покомплетна понуда. Поради овој тендер, во градската коалициона власт во Скопје, градоначалничката Данела Арсовска се разведе од партнерите од ВМРО-ДПМНЕ, при што ја обвини партијата и Мицкоски за ставање на рачиња во медот.
Но, иако таа зад кулоарите навиваше за турската Кузу, сепак изборот паднал на германската компанија која е многу поискусна во изградба на пречистителни станици за вода.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски вчера изјави дека скопската градоначалничка Данела Арсовска тајно го потпишала договорот за изградба на скопската пречистителна станица, истиот договор поради кој претходно го разреши поранешниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ Златко Перински и со тоа нејзините лаги ислегоа на виделина.
– Со ставањето на потпис на договорот за пречистителна станица Данела Арсовска стави потпис на признанието дека лажела, манипулирала, лажно обвинувала и дека со лаги се обиде да изманипулира процес за најголемиот и најскап проект за Скопје – изјави портпаролот Стоилковски.