(ВИДЕО) НЕКОЈ МУ ЈА ТРЕСНА ВРАТАТА НА ТРАМП? Еден детал од спроведувањето на суд стана хит на интернет
Вратата не го допира Трамп и тој малку зачуден влегува, но тоа беше доволно за да предизвика внимание.
Вратата од судницата каде Трамп во вторникот даде исказ на кратко се затвори пред неговото лице пред тој да влезе внатре. Овој детал од спроведувањето беше коментиран во видео на социјалните мрежи. Вратата не го допира Трамп и тој малку зачуден влегува, но тоа беше доволно да предизвика внимание.
Who is the KING who let the door shut in Trump’s face? GIVE HIM A RAISE IMMEDIATELY. #Trump #OpenYourOwnDoor pic.twitter.com/bU0eGAh1z0
— Jessica (@saltywavez) April 4, 2023
Трамп по давањето исказ се врати во својата луксузна вила во Мар-а-Лаго, а на своите поддржувачи кои го чекаа таму им рече дека „САД ќе одат по ѓаволите“.
Поранешниот американски претседател се соочува со обвинение од 34 точки меѓу кое и дека наводно ја подмитил порноѕвездата Сторми Даниелс да молчи за нивната афера во време на претседателската кампања во САД во 2016 година.
Истражителите тврдат дека за да ги прикрие незаконските плаќања, Трамп фалсификувал деловни книги и додаваат дека неговиот мотив за извршување на кривичното дело фалсификување деловни книги бил делумно „промовирање на неговата кандидатура“.
Секоја од 34-те точки од обвинението против Трамп се однесува на конкретен запис во деловните книги на Организацијата Трамп, се наведува во обвинението. Се наведува дека плаќањата биле маскирани како правни услуги или како адвокатски такси.
ТЕЖОК, ТВРД И НЕ ГИ ОДЛОЖУВА РОЧИШТАТА Таков е судијата што ќе му ја крои судбината на Трамп