ЌЕ ЗАРАБОТУВАШЕ 13 ЕВРА ВО СЕКУНДА Меси ја одби најголемата понуда во светот на спортот – сака да се врати во Барса и точка

Аргентинскиот „TyC Sports“ пренесува дека Меси им се заблагодарил на челниците на Ал-Хилал за понудата.

516

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси, ќе остане запаметен во историјата на фудбалот по уште една многу важна работа: ја одби понудата на Ал-Хилал од Саудиска Арабија и не го потпиша договорот вреден 400 милиони евра годишно.

Според аргентинските медиуми, тој одлучил да остане во европскиот фудбал и најверојатно се враќа во Барселона.






Аргентинскиот „TyC Sports“ пренесува дека Меси им се заблагодарил на челниците на Ал-Хилал за понудата.

Доколку ја прифатеше понудата на Ал-Хилал, платата што би ја имал Аргентинецот е нешто невидено во светот на професионалниот спорт.

Бројките се нереални. Многу зборува податокот дека 35-годишниот Аргентинец би заработувал 13 евра во секунда, 771 евро за минута, 46.000 евра на час, 1,1 милиони евра дневно и 33,33 милиони евра месечно.

Меси во изминатите две сезони во ПСЖ имаше договор од 38 милиони евра.

Поврзани содржини