Околу 00.20 часот на 2 април настанал пожар во напуштена куќа на улицата Благоја Деспотовски Шовељ, во која престојувал бездомникот 24-годишниот Р.Р.
Куќата се наоѓа во близина на Олимпискиот базен во Скопје.
„Во пожарот Р.Р. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. Екипа на Бригадата за противпожарна заштита го изгаснала пожарот, а увид извршила екипа од СВР Скопје“, информираат од полицијата.