БЕЛОРУСИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ВОЈНА? Формиран е противвоздушен полк

Новиот полк е стациониран во градот Лунинец, регионот Брест.

487

Во вооружените сили на Белорусија е формиран нов полк за противвоздушна одбрана, објави на Телеграм прес-службата на Министерството за одбрана во Минск.

Според соопштението, командата направила посебни напори за создавање современа воена инфраструктура и образовна материјална база за новата формација, како и за решавање на прашањата околу социјалната сигурност на војниците и нивните семејства.






Новиот полк е стациониран во градот Лунинец, регионот Брест.

За денеска е предвидено единицата да ја посети белорускиот министер за одбрана, генерал-полковник Виктор Хренин.

Поврзани содржини