ГОРДАНА ЈАНКУЛОВСКА Е ДИСКРИМИНИРАНА ЗАТВОРЕНИЧКА Комисијата за спречување дискриминација утврди дека и таа и другите осуденички ги немаат истите права како и мажите

Комисијата им препорача на Управата за извршување санкции и на другите релевантни институции во рок од 6 месеци да подготват акциски план за адаптација и реконструкција на установи од полуотворен и отворен тип во кој ќе престојуваат жените затворенички коишто ги исполнуваат законските услови.

1,784

„Се утврдува директна дискриминација врз основа на пол во областа на правосудство и управа, од страна на Управата за извршување санкции, врз Гордана Јанкуловска. Се утврдува дискриминација на врз основа на пол од страна на Управата за извршување санкции врз лица од женски пол од Република Северна Македонија“.

Ова е мислењето коешто на 16 март го донела Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, постапувајќи по претставка од Гордана Јанкуловска поднесена на 22.12.2022 година под број 8-674/1, преку адвокатот Влатко Илиевски, против Управата за извршување санкции.






Комисијата усвоиле и Препорака, во која препорачува Управата за извршување санкции, во соработка со други релевантни органи, во рок од 6 месеци да подготват Акциски план со извори на буџетирање, за адаптирање, реконструкција и конструкција на установи од полуотворен и отворен вид за жени осуденички.

„Препораката е во насока на обезбедување еднакво остварување на правото за прогресирање во установите на казнениот систем на сите осуденици без разлика на нивниот пол“, се вели во овој документ, што го потпишал претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Исмаил Камбери.

Ова е тој документ:

Инаку, Гордана Јанкуловска, осудена за случајот „Тенк“, издржува затворска казна во времетраење од 4 години, од 28 септември 2020 година, таа ја издржува казната затвор во времетраење од 4 години, токму во „Идризово“. Таа има издржано речиси две третини од казната. Но, до ден денешен, Јанкуловска нема добиено ниту еден ден отсуство или каква било друга привилегија.

Гордана Јанкулоска и останатите осуденички се оневозможени да ги користат погодностите што му ги овозможува затворскиот систем во Македонија на секое лице кое издржало најмалку една третина од казната: посети надвор од установата до 4 часа, слободен излез од установата до 7 часа, отсуство до 15 дена во текот на годината, целосно или делумно користење на одморот надвор од установата и работно ангажирање надвор од установата.

Плусинфо во пишуваше за дискриминацијата врз Јанкуловска и врз останатите осуденички, во колумна во која авторот Бранко Героски го повика претседателот Стево Пендаровски да ја помилува нашата најпозната затвореничка, со неспорното досие на примерен затвореник и поради нејзината семејна ситуација.

Ова е таа колумна:

Организирам бегство на Гордана Јанкуловска од „Идризово“!

Поврзани содржини