ДА ГИ ДЕМАСКИРАМЕ ТИЕ ШТО ВО КАНЦЕЛАРИЈА ИГРААТ ФУДБАЛ ДОДЕКА НАРОДОТ СЕ БОРИ СО ПРЕДИЗВИЦИ Меџити најавува засилена активност на терен

Меџити објави дека добил пораки и од жители на полошки села кои се против Аертан Груби.

11,104

Изет Меџити кој е дел до „огнените“ во ДУИ тврди дека од жителите на тетовското село Требош му е порачано дека и жителите од полошко се против Артан Груби и оваа промашена извршна власт.

– ДУИ извира од народот, затоа и ние нема да застанеме, ќе одиме во секое населено место каде што се слуша албански збор, заедно да разговараме, да ги слушаме маките и тоа што го засега албанскиот народ. Наша должност е да ја демаскираме оваа извршна власт на 2%, оваа извршна власт која додека народот се соочува со разни предизвици, има храброст да игра фудбал и кошарка во своите луксузни канцеларии – вели Меџити во порака објавена на неговиот Фејзбук профил.

Поврзани содржини