ДОЈДЕ СО ИШИЈАС И БАСТУН НА КОНЦЕРТ И РАСТУРИ! Јосипа Лисац не се предава

Билетите беа пуштени во продажба и распродадени во текот на само четири дена и тоа дури три месеци пред концертот.

1,128

Пејачката Јосипа Лисац (73) синоќа пред преполната сала Лисински во Загреб прослави 50 години од објавувањето на својот прв албум „Дневник на една љубов“.

Билетите беа пуштени во продажба и распродадени во текот на само четири дена и тоа дури три месеци пред концертот. Поради тоа Јосипа најави уште еден концерт за 25 февруари во Загреб, а потоа турнејата ќе ја продолжи и во други градови во Хрватска и во регионот.
Песните од овој албумот „За својата младост“, „Среќа“, „Постела од солзи“ и слични, долги години се стандарден дел од концертниот репертоар на Јосипа, а оваа година таа ги враќа на листата заедно со други најголеми хитови во нејзината кариера.
Пејачката и овој пат не разочара со својот моден избор, па се појави во кожна комбинација со црн шешир, а со себе имаше и бастун. Таа реши да ѝ објасни на публиката зошто има бастун со себе.
– Луѓето ми се јавија пред три месеци дека веќе нема билети за концертот. Ми испратија фотографија од салата, целата беше некако сива. И јас мислам дека имам стрес после тоа, но тоа не беше стрес туку ишијас. Да, добив ишијас. Денес тој владее, па 80 проценти од луѓето имаат ишијас. Нервозна сум и живчана – објаснила Јосипа.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Josipa Lisac (@josipa_lisac)

Поврзани содржини