ТИНЕЈЏЕРКА ОД КОСОВО ИСЧЕЗНА ВО СКОПЈЕ Дошла на гости кај сестрата

Е.Ч.(22) од Скопје пријавил дека од неговиот дом се оддалечила К.Џ.(17) од Косово, сестра на неговата сопруга, информира МВР.

765

Седумнаесетгодишна девојка од Косово дошла на гости во Скопје, но набрзо исчезнала, а семејството претпоставува дека избегала со момче со кое била во љубовна врска.

„Вчера во полициската станица Е.Ч.(22) од Скопје пријавил дека од неговиот дом се оддалечила К.Џ.(17) од Косово, сестра на неговата сопруга, која заедно со нејзините родители дошла кај него на гости. Тие се сомневаат дека избегала со Џ.Г., со кого најверојатно биле во љубовна врска“. Се преземаат мерки за пронаоѓање на девојката“ – информира полицијата.

Поврзани содржини