„БОМБАШИТЕ“ ПОВТОРНО НЕ СПИЈАТ Дојава за бомби во 18 училишта, 16 во Скопје и две во Куманово

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека дојава е стигната и на приватните мејлови на девет професори во истите училишта.

198

На електронските адреси на 18 училишта, од кои 16 во Скопје и две во Куманово денеска е стигната дојава за поставени експлозивни направи.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека дојава е стигната и на приватните мејлови на девет професори во истите училишта.






– Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите – велат од Министерството за внатрешни работи.

Поврзани содржини