ДОЈАВИ ПОЧНАА ДА СТИГНУВААТ И ПО ПРИВАТНИ МЕЈЛОВИ 14 професори во скопско средно училиште добиле закана за бомба

391

На приватни електронски адреси на 14 професори попладнево е упатена закана за поставена експлозивна направа во едно скопско средно училиште, информираат за МИА од МВР.

Веднаш по добиената пријава, додаваат, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектот, во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини