СОНЦЕ ВО КУЧКОВО ДОДЕКА ПОЛОВИНА ЗЕМЈА ТОНЕ ВО МАГЛА Скопјани излегоа на воздух (ГАЛЕРИЈА)
Додека Скопје и речиси половина земја, веќе неколку дена тонат во магла, а во Тетово и во Гостивар веќе се надминати концентрациите на ПМ10 честичките и се воведуваат превентивни мерки, ова мало извидничко место во близина на главниот град, денеска е рај.
Иако се наоѓа само на околу 600 метри надморска височина, во селото Кучково денеска пече сонце. Додека Скопје и речиси половина земја, веќе неколку дена тонат во магла, а во Тетово и во Гостивар веќе се надминати концентрациите на ПМ10 честичките и се воведуваат превентивни мерки, ова мало извидничко место во близина на главниот град, денеска е рај.
Стотици граѓани во потрага по чист воздух се искачија кај крстот во Кучково, кој се наоѓа на висина од околу 700 метри. Некои раздвижија за да ги „стопат“ мрсните новогодишни софри, некои си зеле столчиња и си направија пикник.
– Пече сонце, температурата е над 16 степени. Нема место за паркинг, цело Скопје е горе – вели еден наш сограѓанин.
Погледот кон градот е невозможен, зашто Скопје изгледа како потонато во море од магла.