СИНОТ НА АХМЕТИ ПО СТАПКИТЕ НА СИНОТ НА ЗАЕВ Архитектот Шкумбин ќе произведува струја, фирмата е регистрирана
Засега не е познато од кој извор новорегистрираната фирма ќе произведува електрична енергија.
Синот на лидерот на ДУИ Али Ахмети, Шкумбин Ахмети, регистрирал фирма за производство на електрична енергија во Македонија, пишува Фактор.
Тој, како што објавува порталот, е одговорно лица на друштвото за производство, трговија и услуги „Тхеас Енерги“ и сопственик на претпријатието кое го извршило уписот – друштвото за консалтинг, посредување, проектирање, инженеринг и услуги „Архитектас проект студио“ од Зајас.
Засега не е познато од кој извор новорегистрираната фирма ќе произведува електрична енергија.
По професија, синот на Али Ахмети е архитект.