СПЕЦИЈАЛЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ УТРЕ ВО СКОПЈЕ Во посета доаѓа претседателот на националното собрание на Туркије

233

На 20 и 21 декември (вторник и среда) во посета на Република Северна Македонија ќе пристигне делегација предводена од Претседателот на Големото национално собрание на Република Туркије, информират од СВР Скопје.

„Поради тоа, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје. Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници“, се вели во соопштението.






Посебен режим во градот ќе има и задутре.

Поврзани содржини