ОД СКОПСКИОТ СТРЕС ДО МИР, СПОКОЈ И УБАВИНА КАКО ВО БАЈКА Шеф Маре Јаневска сврте нов лист, во Шварцвалд
„Во централниот дел од областа Шварцвалд е и гратчето во кое живееме, Титизее Нојштад, опкружено со прекрасни предели, „црна шума“ (Шварцвалд), бел снег, прекрасни езера, питоми луѓе и најважно од сѐ, чист воздух, мир и спокој“, вели нашата Маре Јаневска која засега таму се занимава со готвење само дома, за своите најблиски и за пријателите кои им доаѓаат на гости.
Пред три месеци нашата готвачка Маре Јаневска направи голем пресврт во својот живот. Се пресели во Германија. Поточно, нејзиниот сопруг Александар замина таму пред нешто повеќе од две години, а Маре и нивните синови трпеливо чекаа да се создадат услови за целото семејство да се спои во едно од најубавите места во оваа земја, во срцето на Шварцвалд, поточно, во гратчето Титизее Нојштад. Доколку ви звучи познато, тоа е затоа што, ако сте љубител на скијањето, веројатно знаете дека токму таму често се одвиваат натпреварите во ски-скокови.
Како и да е, за да не биде сѐ совршено, поголемиот син Давид, кој неодамна стана полнолетен, не добил виза, па сега мора да го заокружи средното образование, односно, да заврши четврта година во Скопје, па дури потоа целосно да му се придружи на семејството. Во меѓувреме, тие се во очекување на новогодишните и божиќните празници кои ќе ги поминат сите заедно во местото во кое сѐ изгледа баш како во бајка.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.