„ЈАСМИН“ ЗА ТРАЈКОВСКИ И БЕЈТУЛА Доделени годишни награди за публицистика и новинарство
За остварување во областа на публицистиката, државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин" ја доби публицистот Александар Трајковски, а за новинарство Лаура Папранику-Бејтула.
Управниот одбор за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” донесе одлука за доделување на годишните награди за 2022 година за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Северна Македонија
За остварување во областа на публицистиката државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” ја доби публицистот Александар Трајковски, а наградата за остварување во областа на новинарството, наградата ја доби новинарката Лаура Папранику-Бејтула, новинар.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 21 декември во свечената сала на Собранието на Северна Македонија.