СИМПТОМИ КОИ НАЈРАНО ГО ОТКРИВААТ АУТИЗМОТ Раната интервенција придонесува за развој на психомоторните способности на детето
Бројни студии покажуваат дека интервенцијата веќе во првите три години од животот на детето придонесува за развој на психомоторните способности на детето, додека доцнењето во препознавањето и интервенцијата негативно влијаат на независноста на детето, интеграцијата во средината во која живее и општиот квалитет на животот на детето и семејството.
Бројката на лица со нарушувања од аутистичниот спектар под 18 години, кај нас е помала во споредба со другите земји во Европа и Америка, што експертите го објаснуваат со недостигот на препознавање и дијагноза на различни возрасти.
Затоа родителите треба да се едуцираат да можат да препознаат дали нивното дете можеби е во спектарот на аутизам и навреме да интервенираат.
Што е аутизам?
Како што објаснуваат, нарушувањето на аутистичниот спектар се однесува на група невроразвојни нарушувања кои се јавуваат во раното детство и траат во текот на животот. Обично започнува до тригодишна возраст, иако во повеќето случаи може да се дијагностицира само на подоцнежна возраст, кога се зголемуваат барањата на социјалната средина во која престојува детето.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.