ДАЛИ НЕКОЈ ГО ИСКАРА ПЕНОВ? Откако вчера се закани со насилство, денеска министерот со поблага реторика
Тој протест треба да биде насочен кон тие што го креираат или тие што мислат дека го креираат. А вака, штетата ја плаќаат граѓаните - изјави министерот Пенов.
Денеска министерот за локална самоуправа Ристо Пенов со поблага реторика ги оцени протестите на автобуските превозници во Скопје, откако вчера во гостувањето на дневникот на Сител рече дека Владата има инструменти и насилно да ги прекине блокадите
Тој денеска посочи дека протестите во Скопје нанесуваат големи штети на граѓаните, но не кажа кои мерки и кога би се презеле.
– Непријатно е, големи штети трпат граѓаните заради, па можам да речам, некакво самоволие кое е присутно на улиците во Скопје. Ние доаѓајќи накај Струмица едвај излеговме од Скопје, непотребно. Тој протест треба да биде насочен кон тие што го креираат или тие што мислат дека го креираат. А вака, штетата ја плаќаат граѓаните – изјави министерот Пенов.
СПЕЦИЈАЛЦИ СО ОКЛОПНИ ВОЗИЛА ЌЕ ГИ РАСТЕРУВААТ ПРИВАТНИТЕ АВТОБУСИ? Планот на Пенов е многу ризичен