ПУТИН ЌЕ ГИ ТЕШИ МАЈКИТЕ НА УБИЕНИТЕ РУСИ Никој уште не знае колку војници точно загинале
Пред Денот на мајката, кој во Русија се слави последната недела во ноември, Владимир Путин ќе се сретне со мајките на војниците кои учествуваат во специјална воена операција. Путин ќе се сретне и со мајките на резервистите кои се повикани да се борат и со мајките на професионалните војници, се вели во соопштението од Кремљ.
Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска ќе се сретне со мајките на војниците кои се борат во Украина, соопшти официјален Кремљ, пишува Ројтерс.
Според САД, десетици илјади војници од двете страни биле убиени и ранети во војната во Украина. Стотици илјади руски војници се испратени да се борат во Украина, вклучително и повеќе од 300.000 резервисти повикани како дел од мобилизацијата што Путин ја најави во септември.
„Пред Денот на мајката, кој во Русија се слави последната недела во ноември, Владимир Путин ќе се сретне со мајките на војниците кои учествуваат во специјална воена операција. Путин ќе се сретне и со мајките на резервистите кои се повикани да се борат и со мајките на професионалните војници“, се вели во соопштението од Кремљ.
На 21 септември Русија последен пат јавно ги објави своите загуби, кога министерот за одбрана Сергеј Шојгу рече дека загинале 5.937 руски војници. Но, прашање е колкава е точната бројка и дали Кремљ ги крие вистинските загуби. Истовремено, своите загуби вешто ги крие и Киев.
Највисокиот американски генерал на 9 ноември процени дека Русија и Украина имаат повеќе од 100.000 убиени или ранети војници.