Светскиот топ модел Наоми Кемпбел обично ја гледаме во разголени изданија, како поради професијата, така и во нејзиниот приватен живот.
Но, сексапилната манекенка очигледно има паничен страв од зарази, па будно ги следи сите новости за новиот коронавирус.
Па така, Наоми позирала на аердром облечена во заштитна облека, со маска и очила на лицето, и розови гумени нараквици на рацете. Очекувано, белиот куфер одговарал на остатокот од стајлингот.
„Безбедноста на прво место, ново ниво. Целото видео ќе го објавам на Јутјуб наскоро“, напишала таа во описот на објавата на Инстаграм.
Патем, Наоми минато лето покажа дека многу сериозно ја сфаќа рутината за чистење додека лета со авион.
„Летајте безбедно“, напишала таа тогаш, а дизајнерското модно издание го надополнила со раквици, маска и средство за дезинфекција.
Со оглед дека најголемиот дел од животот го поминува во авиони поради кариерата, научила, вели таа, да има сѐ што е потребно. Покрај средства за дезинфекција, тука е и „пакетот за хидратација“ полн со маски за лице.
– Не ми е грижа што мислат луѓето за тоа. Тоа е за моето здравје и се чувствувам подобро – рекла манекенката, чистејќи го нејзиното место и сѐ што е околу него што би можела да го допре додека лета.
ФОТО: Инстаграм/24сата.хр/Принтскрин